мини|303x303пкс| Местоположба на маалото во рамките на Скопје во 1899 година. Мурадије (турски: Muradiye) — старо скопско маало.

Местоположба Маалото се протегало северно од ТЦ „Мавровка“ и западно од Правниот факултет „Јустинијан Први“. На запад биле маалата Хоџа Шемс и Ине Бег, додека пак на исток Хаџи Таџедин и Џами Атик. Од плоштадот Македонија било оддалечено 855 метри североисточно.

Историја Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со 9 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 23 мажи муслимани, со 2 новороденчиња. Се проценува дека маалото во тој период имало 80 жители.

Сегашност Денес низ ова некогашно маало поминува булаварот „Крсте Петков Мисирков“. Тука се наоѓаат и автобуските постојки Битпазар 1 и Битпазар 2.

Наводи

Категорија:Стари скопски маала