мини|278x278пкс| Местоположба на маалото во рамките на Скопје во 1899 година. Хаџи Гази (турски: Haci Gazi) — старо скопско маало .
Местоположба Маалото се протегало северно од Бит-пазар. Од плоштадот Македонија било оддалечено 1300 метри североисточно.
Историја Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со 25 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 72 мажи муслимани, со 12 новороденчиња. Исто така имало и 16 мажи муслимани коишто скоро се доселиле. Се проценува дека маалото во тој период имало 200 жители.
Сегашност Во маалото денес се наоѓа Јахја-пашината џамија и градинката „Фидани”, а низ источниот дел поминува булеварот „Цветан Димов”.
Наводи
Категорија:Стари скопски маала