мини|десно|300п|Крстот
Скачковски крст — христијански крст во близина на селото Скачковце, сместен во рамки на Скачковскиот манастир.
Местоположба
Крстот се наоѓа во склоп на манастирскиот комплекс „Св. Троица“, сместен на рид над селото.
Опис
Крстот има височина од 13 метри и кога бил изграден бил еден од највисоките такви градби на Балканот. Бил подигнат во чест на 12. апостоли и Исус Христос и оттаму 13 метри.
Историја
Крстот е подигнат од страна на ктиторот Стојан Пајковски со своето семејство во 1997 година. Самиот крст е првата градба во рамки на манастирот, кој подоцна ќе прерасне во комплекс од две манастирски цркви и параклис.
Галерија
Поврзано Скачковце Скачковски манастир
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Скачковце