Кралскиот музеј на тенкови (арапски: متحف الدبابات الملكي) ― музеј на тенкови во Аман, Јордан. Сместен веднаш до паркот „Крал Абдула Втори“ во Ал Мукабалаин. Музејот е основан во 2007 година по директиви на кралот Абдула. Зградата на музејот била дизајнирана од Заид Дауд Архитекти како „футуристички песочен замок што позајмува од јазикот на прикрадување“. Има близу 20.000 кв. метри изложбен простор поделен на тринаесет сали кои прикажуваат стотици лесни и тешки воени предмети поставени во нивниот историски хронолошки редослед „за драматично влијание“. Секоја сала претставува различно гледиште на машини и предели и содржи околу 110 тенкови, од кои многу се историски и биле користени во минатите војни и битки на Јордан. лево|мини|280п|Внатрешноста на музејот.

Музејот бил отворен на 29 јануари 2018 година, на церемонија предводена од неговото височество кралот Абдула Втори.

Поврзано

Збирка од студии за одбранбена технологија Кобленц, Германија Германски тенковски музеј – Минстер, Германија Австралиски оклопен и артилериски музеј - Австралија Оклопен музеј – Париз, Франција Национален воен музеј - Сустерберг, Холандија Тенковски музеј - Бовингтон, Обединето Кралство Установа за поддршка на обука за убојни средства на Армијата на Соединетите Држави Музеј на полската армија - Варшава, Полска

Наводи

Надворешни врски

Службено мрежно место

Категорија:Музеи основани во 2018 година Категорија:Музеи во Аман Категорија:Воени музеи во Азија Категорија:Тенковски музеи Категорија:Музеи за Втората светска војна во Јордан