Јордан (Доне) Георгиев Доневски (Донески, Донев) — македонски зограф и иконописец, припадник на зографскиот род Ангелковци.
Животопис Роден е во мијачкото село Гари, Дебарско, во семејството зографот Ѓорѓи Андонов (Донев).
Ја живописал црквата „Св. Илија“ во охридското село Оровник, изградена во 1927 г. Во 1937 г. ги изработил фреските на „Св. Константин и Елена“ во Подмоље, изградена во 1934 г. Во 1938 г. ја насликал „Св. Петар и Павле“ во Врбјани. Во 1944 г. ги насликал иконите иконостасот во црквата „Св. Никола“ во Требеништа, изградена во 1942 г. Ја работел и црквата „Св. Недела“ во Вапила, изградена во 1945 г. Во 1965 г. ја живопсисал „Пресв. Богородица“ во Пешталево, Прилепско.
Изписва фреските и иконостаса на новата главна црква „Св. Никола“ во Косел, изградена в 1974 – 1975 г. Во 1988 г. ги обновил фреските во „Успение на пресв. Богородица“ во родното Гари.
Родословие
Наводи
Категорија:Македонски зографи Категорија:Македонски иконописци Категорија:Претставници на Дебарската школа Категорија:Луѓе од Гари Категорија:Ангелковци (гарски род)