Андон Петров Ангелков — македонски зограф и иконописец од XIX век, припадник Дебарската школа и зографскиот род Ангелковци.
Животопис Андон Петров е роден во селото Гари, Дебарско. Дедо му, татко му и брат му Спасе исто така биле иконописци. Името на Андон Петров фигурира на натписот при обновувањето на црквата „Св. Ѓорѓи“ во струмичко Ново Село.
Во храмот за жал нема негови зачувани дела.
Во 1865 г. ја живописал црквата „Св. Богородица“ во тиквешко Бојанчиште и натписот на западната страна од гредата меѓу наосот и припратата гласи: „1865 месец маја на ден 12 мајстор Спасе от Деборската каза и Доне брат Негров од село Гари”.
Две икони на Андон Петров има во црквата „Св. Константин и Елена“ во Моноспитово. Едната на Свети Илија е со натпис „Сиѧ икона прїложилъ ѧ со рȢкою Ило ћехаѧ Младеновичъ смиренiй зȢграф Андонъ Петровичъ ѿ село Гари каза Дебра 1858“. Втората икона е на Свети Атанасиј и нејзиниот натпис гласи: „Сиѧ икона приложи со рȢкою Манъчо Коловъ сїнъ мȢ Аѳанасъ ПȢно за дȢевное спасенiе и тѣлесное здравие аминъ зȢграфъ Андонъ 1858“.
Икони на Андон Зограф има во храмот „Св. Константин и Елена“ во радовишки Раклиш, во „Св. Богородица“ во виничко Драгобраште и во „Св. Пантелејмон“ во Мокриево, Струмичко.
Работел во Прилепско, Кавадаречко и Мариово заедно со брат му Спасе. Со нив работеле и неговите синови Димитар, Ѓорѓи и Нестор Андонов. Внук му Андон (Доне) Георгиев Донев исто така бил зограф. Заедно со братучед му Илија Димитров Донев во 1938 г. ги насликале фреските во црквата „Св. Димитриј“ во Атишта и во други села во Кичевско.
Родословие
Наводи
Категорија:Македонски зографи Категорија:Македонски иконописци Категорија:Претставници на Дебарската школа Категорија:Луѓе од Гари Категорија:Ангелковци (гарски род)