Гентски анали ( ) ― кратка средновековна хроника која е важен извор во историјата на Грофовијата Фландрија и особено, за Француско-фламанската војна (1297–1305) и Крстоносната војна на сиромашните (1309). Напишано од непознат францискански писател и именуван по родниот град на авторот, Гент, текстот е напишан на латински и го опфаќал периодот помеѓу 1297 година и 1310 година. Според изјавата на самиот писател, работата на хрониката започнала во 1308 година. Напишан од авторот кој бил во длабока старост, се отвора предговорот на „Гентски анали“:
Изворниот ракопис на „Гентски анали“ бил зачуван до 19 век и последен пат бил потврден во Хамбург во 1824 година, иако неколку копии биле направени во раниот нов век. Преводот на англиски јазик бил објавен во 1951 година од историчарката Хилда Џонстон, и повторно издаден во 1985 година.
Поврзано
Кортрајчки ковчег
Наводи
Библиографија
Категорија:Дела од 1308 година Категорија:Грофовија Фландрија во 14 век Категорија:Средновековни историски текстови Категорија:Историја на Гент Категорија:Книги на латински јазик од 14 век Категорија:Историски книги за Белгија Категорија:Хроники за Ниските Земји