Лозер (; ) — департман без излез на море во регионот Окситанија во Јужна Франција, се наоѓа во близина на Централниот Масив. Опкружен е со департманите Горна Лоара на североисток, Ардеш на исток, Гард на југ, Авејрон на запад и Кантал на северозапад. Името го добил по планината Мон Лозер. Со 76.604 жители заклучно со 2019 година,Populations légales 2019: 48 Lozère, INSEE Лозер е најмалку населениот француски департман.
Историја Лозер е основан во 1790 година за време на Француската револуција, кога цела Франција била поделена на департмани, заменувајќи ги старите покраини. Лозер е образуван од дел од старата покраина Лангедок.
Плиниевата Природна историја го пофалила сирењето од Лозер:
Видовите сирења кои се најценети во Рим, каде според споредбата треба да се проценат различните добри работи на сите народи, се оние што доаѓаат од провинциите Немаусус, а особено во областитеПоимот што го користи Плиније е pagus, латински истоветен израз за земја. Лесура и Габалис (Лозер и Геводан), но неговата извонредност е многу краткотрајна и мора да се јаде додека е свежо.Pliny, Naturalis Historia book XI, ch 97:200-202.
Меѓу 1764 и 1767 година, Ѕверот од Геводан, суштество за кое се верувало дека е голем волк или необично животно, ја напаствувал областа во планините Маржерид во поранешната провинција Геводан (речиси еднаква со модерниот департман Лозер).
Географија Лозер има површина од 5.166,9 квадратни километри. Тој е најсеверниот департман во сегашниот регион Окситанија и е опкружен со пет департмани кои припаѓаат на два региони: департманите Кантал, Горна Лоара и Ардеш во регионот Оверњ-Рона-Алпи и департманите Гард и Авејрон во регионот Окситанија.
Географијата на Лозер е сложена, опфаќа четири планински венци. На северозапад, базалтната висорамнина Обрак се издига меѓу 1000 и 1450 м, со студена влажна клима под влијание на Атлантикот. Северот и североисточниот дел на департманот ги содржат планините Маржерид, кои се образувани од гранит и имаат врвови меѓу 1000 и 1550 метри надморска висина. Климата овде е исто така студена, но посува отколку во Обрак, со помалку снег.
Кос е низа од многу суви варовнички висорамнини на југозапад, а југоисточниот дел ги содржи Севените, кои ја вклучуваат највисоката точка во департманот, гранитниот Мон Лозер со 1.702 метри.
Низ департманот течат бројни реки, над и под земја, вклучувајќи ја и Тарн, чиј извор е на Мон Лозер и која тече низ Тарнската Клисура во Кос.
Демографија Развој на населението од 1801 година:Лозер е најмалку населениот француски департман. Во 2019 година броел 76.604 жители, со густина на населеност од 14,83 жители/км 2 . Населението во департманот е слично по големина на она на Андора, соседната земја на југ. Од крајот на 19 век, департманот бележи пад на населението поради иселувањето, последните петнаесет години сепак покажале нагорен тренд. Причините за овој тренд се квалитетот на животната средина, подобрувањето на патниот превоз и комуникациската мрежа и во помала мера хелиотропизмот. Тоа е постаро население со висока куповна моќ.
Населението е концентрирано во три главни средишта: Манд, Сен Шели-д'Апшер и Марвежол, кои заедно сочинуваат една третина од населението на департманот. Некои други мали средишта (Лангоњ, Флорак, Омон-Обрак, Ла Канург, итн.) се појавуваат како мали области за живеење, но не можат да привлечат млади луѓе. Иселувањето кон соседните метрополи (Клермон-Феран на север, Монпелје и Ним на југ) е сè поголемо.
Поради неговата мала густина на населеност, се смета дека спаѓа во празната дијагонала.
Поголеми градови Најнаселена општина е Манд, која воедно е и префектура на департманот. Од 2019 година, има 3 општини со повеќе од 3.000 жители: Општина Население (2019) Манд 12.318 Марвежол 4.684 Сен Шели-д'Апшер 4.211
Администрација Департманот е управуван од Департманскиот совет на Лозер во Манд. Од 2015 година, претседател на советот е Софи Пантел. Лозер е дел од регионот Окситанија.
Административна поделба Во Лозер има 2 окрузи, 13 кантони и 152 општини. ИНСЕЕ код Арондисман Главен град Население (2019) Површина (км2) Густина(жители/км2) Општини 481 Флорак Флорак 13.0501.687 38 482 Ман Манд 63.5543.479 114
Економија Главните дејности се сточарството и туризмот. Во Лозер едвај има обработливо земјоделство поради лошиот квалитет на почвата. Во Обрак најраспространето е сточарството.
Регионот има една од најниските стапки на невработеност во Франција, што може да се припише на присилната долгогодишна традиција според која младите емигрираат во градовите како Лион, Марсеј, Монпелје кога ќе достигнат работоспособна возраст.
Користење на земјиштето мини| Житни полиња во близина на Ле Бондон, каде преовладуваат ридовите Puechs des Bondons. Лозер е селски департман, со релативно малку земјиште зафатено од патишта и градби. Целокупната употреба на земјиштето е поделена на следниов начин:
Шума 43,81% Хит и друго отворено земјиште 31,19% Обработливо земјиште 12,74% Полиња 11,36% Патишта и градби 0,54% Реки и бари 0,3
Политика
Сегашни претставници воНародното собрание Изборна единица Член Партија Изборна единица на Лозер Пјер Морел-А-Л'Уисје Републиканци
Туризам Туристичките активности вклучуваат спелеонарство и различни спортови, како што се скијање и кајак. Лозер содржи дел од Народниот парк Севени. Лозер се смета за една од најдобрите области во Франција за риболов на пастрмка. Реките како што се Лот, Тарн и Тријер се особено познати по пастрмката.
Поврзано Арондисмани во департманот Лозер Кантони во департманот Лозер Општини во департманот Лозер
Белешки
Наводи
Надворешни врски
Departmental Council of Lozère Prefecture website Comité Départemental du Tourisme en Lozère
Категорија:Држави и територии настанати во 1790 година Категорија:Централен Масив Категорија:Департмани во Окситанија Категорија:Лозер Категорија:Статии со извори на француски (fr) Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Статии со текст на окситански