Центар за меѓународно еколошко право (англиски: Center for International Environmental Law; CIEL) ― јавна непрофитна правна организација за животна средина со седиште во Вашингтон, со канцеларија во Женева, Швајцарија. Основана е во 1989 година. Целта на тимот на CIEL била да ја искористи „моќта на законот за да ја заштити животната средина, да ги промовира човековите права и да обезбеди праведно и одржливо општество. ЦИЕЛ бара свет каде што законот ја рефлектира меѓусебната поврзаност помеѓу луѓето и животната средина, ги почитува границите на планетата. го штити достоинството и еднаквоста на секој човек и ги охрабрува сите жители на земјата да живеат во рамнотежа меѓу себе“. Тие помагаат да се едуцираат организациите, корпорациите и јавноста за еколошките прашања и да спроведуваат сопствено истражување. Керол Мафет е претседател и извршен директор на CIEL од септември 2010 година Центарот, исто така, нуди програми за правна практикантска работа.

Работење Работата на Центарот може да биде поделена во четири програми: Клима и енергија; Здравје на животната средина; Фосилна економија и луѓе, земја и ресурси. Акциите за заштита на животната средина и човековите права вклучуваат „соработка за подобрување на заштитните политики, зголемување на пристапот до информации преку Системот за рано предупредување и поддршка на застапување и поплаки водени од заедницата кај механизмите за одговорност на мултилатералните банки“. Областите на интерес вклучуваат биоразновидност, хемикалии, климатски промени, човекови права, права на животната средина, меѓународни финансиски установи, право и заедници, пластика и трговија и одржлив развој.

Истражување Центарот има објавено неколку истражувачки извештаи и написи. „Чад и гасови“ (2017) ги испитувале напорите на индустријата за нафта и плин за финансирање на науката и пропагандата за негирање на климата, и биле цитирани во климатските спорови против големите претпријатија за јаглерод. „Пластика и здравје“ (2019) и „Пластика и клима“ (2019) се прикажани во публикации кои се обидуваат да го објаснат влијанието на пластичната криза врз здравјето, климата и животната средина. Во 2020 година, Pandemic Crisis, Systemic Decline ги испитувале обидите на нафтената, гасната и петрохемиската индустрија да ја искористи пандемијата на КОВИД-19 за своја корист. Во 2022 година, бил објавен Pushing Back, извештај за развојот на петрохемиската индустрија и што тоа значи за заедниците.

Наводи

Категорија:Меѓународни природозаштитни организации Категорија:Појавено во 1989 година во Вашингтон Категорија:Меѓународни правни организации Категорија:Појавено во 1989 година во Швајцарија Категорија:Природозаштитно право во Европската Унија