Гвидо Рајмонди (роден на 22 октомври 1953 година) ― италијански поранешен судија роден во Неапол. Тој бил судија и претседател на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). Рајмонди бил номиниран во судот од Италија и го започнал својот 9-годишен мандат како судија на ЕСЧП на 5 мај 2010 година. Тој бил претседател на ЕСЧП од 1 ноември 2015 година до 4 мај 2019 година.Европски суд за човекови права, Пристапено на 6 јануари 2024

Образование и ран живот Студирал право на Универзитетот во Неапол каде дипломирал во 1975 година. Потоа бил асистент предавач на Универзитетот и бил судија од 1977 до 1986 година. Помеѓу 1986 и 1989 година бил вклучен во правните работи на италијанското Министерство за надворешни работи.

Професионална кариера Помеѓу 1997 и 2003 година, Рајмонди служел во Врховниот касационен суд, прво во канцеларијата на генералниот правобранител, а потоа и како судија. Во истиот период тој повремено служел како привремен судија во случаи пред Европскиот суд за човекови права. Во мај 2003 година се приклучил на Меѓународната организација на трудот (МОТ) како заменик правен советник во Женева. Во февруари 2008 година станал правен советник на таа организација.President Европски суд за човекови права.

Европски суд за човекови права Рајмонди бил судија во Европскиот суд за човекови права од 2010 до 2019 година. Во септември 2012 година бил избран за Секторски претседател, а потоа и за потпретседател на Судот со мандат од три години, почнувајќи од 1 ноември 2012 година.

Во јануари 2016 година, во пресрет на европската мигрантска криза, Рајмонди објавил дека судот подготвувал „акционен план“ за да се справел со предвидениот пораст на правни случаи од мигранти кои сакаат да избегнат да бидат испратени во други европски земји.Matthew Holehouse (28 јануари 2016), Migrant crisis to bring tide of human rights challenges, says Strasbourg court The Daily Telegraph.

Наводи

Категорија:Италијански судии од 20 век Категорија:Родени во 1953 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Претседатели на Европскиот суд за човекови права Категорија:Правници од Неапол Категорија:Италијански судии на меѓународни судови и трибунали Категорија:Италијански судии од 21 век Категорија:Никулци за италијански правници