Анастас (Атанас) Христов Зограф или Анастас Ангелевич () — истакнат македонски зограф и иконописец од Крушево.

Животопис Роден е во градот Крушево. Работел заедно со синовите Коста, Вангел и Никола до 1870 г. Прво негово дело се иконите во „Св. Богородица“ во Бела Црква кои ги изработил во 1826 г. лево|мини|220п|Фрески од Ошинскиот манастир мини|240п|„Свети Наум“, црква „Св. Кирил и Методиј“, Тетово, 1853 г. Припишана на Анастас Зограф од Крушево. Големина: 25,5 × 20 × 2 см Во 1839 г. бил спомагач на делото „Службата на Евреите и сите нивни злодела“ (Служенїе еврейско и все злотворенїе нихнѡ), преведено на народен јазик од Натанаил Кучевишки. Служенїе еврейско и все злотворенїе нихнѡ — означен е како „зуграф Анастасъ Ангелевичъ“ од Крушево. На една икона на Свети Мина во црквата „Св. Мина“ во Гарниково, Кавадаречко, во долниот дел има натпис: „Анастасија иконописател от село Крушево в лета 1840“. Во 1842 г. заедно со Наум ги насликал фреските во црквата „Св. Никола“ во Ошин, Мегленско.

мини|десно|250п|Ктиторскиот натпис во Ошинскиот манастир со името на митрополитот Калиник Мегленски и Анастас Зограф, 1888 г. Во 1868 г. насликал дел од иконите за црквата „Успение на пресв. Богородица“ во Крушево. На иконата на Свети Илија оставил натпис: „Сіѧ стаѧ икона пророка Иліа приложиѧ еснафъ кюркъцискыи, на новиїо храмъ Успеніе Богородицы въ Мало миѧчкѡ, приложи ѧ за душевно егѡ спасеніе въ вѣчно споминаніе и срукю Атанасъ съ сынови егѡ ѿ Крушево 1868 иуніѧ 19.“ Натгписот на „Собор Апостолски“ гласи: „Сіѧ стаѧ икона дванадѣсетъ апостолы приложиа еснафъ дулћерскы масторы міѧцы проложиа въ храмъ престыѧ Богородицы за душевно егѡ спасеніе ивоъ вѣчнѡ споменаніе исруки Анастасови иконописателъ м. іуниѧ 20 1870.“ Во женската црква е иконата на Воведение Богородично, која е потпишана „Исъ рукі Анастасови 3: 1868.“

Во 1876 г. работел со Никола Михајлов на живописувањето и иконостасот во црквата „Рождество на пресв. Богородица“ во Бучин, Крушевско.

Во 1888 г. Анастас со синовите Вангел и Никола ја насликал црквата на Ошинскиот манастир „Свети Архангел Михаил“.

Негова недатирана икона има во манастирската црква „Св. Архангели“ во прилепски Варош. Натписот гласи „Иконописателъ Атанасъ ѿ село Крушево.“ Негови се и иконите ви „Успение на пресв. Богородица“ во Злетово, Пробиштипско, во „Св. Троица“ во Горно Трогерци, Штипско и во „Успение на пресв. Богородица“ во Немањици, Светиниколско.

Фрески од „Св. Димитрија“ во Тушин

Родословие

Наводи

Категорија:Македонски зографи Категорија:Македонски иконописци Категорија:Луѓе од Крушево