мини|Дел од римски мост во Алконетар.

Касерес () — покраина во Западна Шпанија што ја сочинува северната половина на автономната заедница Екстремадура. Седиште е истоимениот град Касерес. Други градови се Пласенсија, Корија, Навалморал де ла Мата и Трухиљо, родното место на конквистадорот Франсиско Писаро. Во 2021 г. покраината броела 387.805 жители,Cifras oficiales de población de los municipios españoles en aplicación de la Ley de Bases del Régimen Local (Art. 17), Instituto Nacional de Estadística од кои една четвртина живееле во главниот град. Низ покраината тече реката Тахо.

Географија

Северната природна граница ја образува планината Сиера де Гредос во правец исток-запад, која е дел од Централниот Систем. На северот се Хертската Долина, клисурите Ла Вера, Амброската Долина и Лас Урдес со разни планински реки и вирови. Јужната граница ја сочинуваат Толедските Планини. Остатокот од покраината се одликува со низински предели низ кои течат реката Тахо и нејзините притоки. Планините се богати со диви животни и тука се наоѓа националниот парк Монфрагве.

Население Ова е населението на покраината во минатото:

Стопанство Низинските предели се плодни и наводнувани. Најважни култури се житарките, тутунот, доматите, пиперките и црешите, а развиено е и сточарството и свињарството.

Браната „Габриел и Галан“ е една од три на реката Алагон, чија централа е одговорна за најголемиот дел од електричната енергија во покраината.

Во Талаван се наоѓа третата по големина инсталација на сончеви ќелии во државата со моќност од 300 мегавати.

Административна поделба Покраината е создадена во 1839 г. Се граничи со покраините Саламанка, Авила, Толедо и Бадахос на југ и со Португалија на запад. Главен град е Касерес, каде живее една четвртина од населението на покраината. Други градови се Пласенсија, Корија, Навалморал де ла Мата, Алкантара и Трухиљо.

Покраината се состои од 223 општини. Традиционални окрузи во покраината без административна функција се Лас Виљуеркас, Лас Урдес и Монфрагве. Лас Урдес важи за едно од најсиромашните краишта во историјата на Шпанија.

Спорт Најважен фудбалски клуб во покраината е ФК „Касарењо“ кој игра во Втората лига (Б).

Наводи

Надворешни врски

Службен портал на покраината Касерес Туристичка страница за покраината Касерес