мини|Стара византиска чешма со поило во село Винце мини|Поило во село Тремник мини|Брадавичести прасиња на поило во Сенегал мини|Начело на работа на поилката
Поило или водопој — ограден простор или корито крај чешма каде што се пои добиток, како и место крај вода каде што се пои добиток или дивеч.
Поилка Посебна направа за напојување домашни животни. Таа се состои од затворен сад со чиста вода кој е затворен и до него животните немаат пристап, и отворен помал сад со ограничена количина вода од кој животните пијат. Поилката го користи начелото на сврзани садови за да обезбеди постојано ниво на вода во отворениот сад. Поилката често е наменета за птици (живина, гулаби итн.). Нејзината вообичаена зафатнина се движи од 3 до 20 литри. Често се изработува од пластика, емајлиран челик или топло галванизиран челик. Цинк оксидот има фунгицидни и антисептички својства, па овој материјал е особено погоден за оваа намена. Водата во ваквите поилки останува чиста и бистра подолго време. На фармите, поилките се поставуваат на земја или на триножници.
Поврзано Јасли
Наводи
Категорија:Сточарство Категорија:Водоснабдување