мини|277x277пкс|Отправник на возови на работно место Отправник на возови (сообраќајно-превозен техничар, СПТ) — одговорен службеник од секторот за железнички превоз, кој единствено го управува движењето на возовите во својата област (отправнички круг) и носи целосна одговорност за тоа. Неговите наредби во врска со движењето на возовите подлежат на несомненото извршување од работниците поврзани со движењето на возовите: дежурни на постојки, машиновозачи, главни спроводници на монтажни возови итн. Никој друг освен отправникот на возови нема право да дава оперативни наредби во врска со движењето на возовите.

Цел на работата Отправникот на возови е непосреден учесник во железничкиот сообраќај, претставува клучен фактор за негово регулирање, извршува работи и работни задачи од сообраќајната, техничката и трговската област. Отправникот на возови врши работни дејности поврзани со: планирање и организација на извршување на сообраќајот во една или повеќе постојки, регулирање на сообраќајот во едно или повеќе меѓустанични растојанија како и на маневарската работа во постојка или во меѓустанично растојание, организација на маневарска работа до и во индустриски колосеци. Организација и планирање на поставување на вагони за натовар и истовар. Водење на патничка благајна за издавање на билети во постојки каде нема патнички благајник. Припрема и состав на воз и маневарски состав, изработка и контрола на документи за воз и маневарски состав. Контрола на работењето на кадарот сигнално сигурносните и телекомуникациските уреди при извршување на сообраќајот.

Поради многу сложената должност, работата на отправникот на возови е исклучително одговорна, и покрај стручното знаење бара и изразени вештини на општење, снаодливост и способност на забележување и решавање на проблемите. Тој го уредува сообраќајот на возовите помеѓу службените места според сообраќајно-техничките прописи во врска со безбедноста, уредноста, економичноста и деловноста на превозот на железница.Отправник на возови

Наводи

Надворешни врски

Железници на Република Македонија

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__ Категорија:Железнички занимања Категорија:Возови