Неџо Осман (Скопје, 6 јануари 1958) ― југословенски, македонски и германски глумец, поет и режисер од ромска народност.

Животопис Дипломирал на Академијата за театар и филм во Нови Сад во класата на Раде Шербеџија. Така тој станал првиот ромски професионален глумец во СФРЈ. Во ромскиот театар „Пралипе“ од Скопје и во Народниот театар во Суботица ги играл главните улоги во многу класични и современи претстави и за тоа добил многубројни награди. Гостин бил на сцената на Српскиот народен театар во Нови Сад и Југословенскиот драмски театар во Белград. Тој дошол во Германија во 1991 година. како член на театарскиот ансамбл „Пралипе“ во Милхајм на Рур. Тој брзо ги освоил најдобрите критики како глумец и режисер и останал таму да живее и работи. Во 1995 година, заедно со неговата доживотна придружничка Нада Кокотовиќ, го основал театарот ТКО (Театар „Кокотовиќ Осман“) во Келн, каде работи како уметнички директор. Покрај тоа, работи како новинар и поет, а ангажиран е и како социјален работник и водач на многу проекти за Роми во Келн и Франкфурт на Мајна. Од 2000 година до 2008 година, водел радио емисија за Роми на Радио Мултикулти, а од 2002 година и во Дојче Веле во Бон.

Осман е преведувач на ромски јазик и поет, а страста за пишување ја открил уште на рана возраст. Неговото вдахновение е улицата, населбата во која живеат Роми, искуствата со тие што не се Роми и љубовта како извор на убавина. Неговите песни се објавени во Србија, Турција, Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Холандија и Германија.

Наводи

Надворешни врски

Интервју со Неџо Осман на 24Vakti Неџо Осман на Romarchive.eu

Категорија:Родени во 1958 година Категорија:Глумци од Скопје Категорија:Југословенски глумци Категорија:Ромска книжевност Категорија:Ромски глумци Категорија:Македонски Роми Категорија:Југословенски Роми Категорија:Македонски иселеници во Германија Категорија:Југословенски иселеници во Германија Категорија:Македонски иселеници во Србија