мини| Цртеж со песок во Вануату (2007) Цртежот на песок"Sandroing", Vanuatu Cultural CentreAustralian Broadcasting Corporation – Lingua France – Vanuatu Sand Drawing — уметничка и ритуална традиција и практика на Вануату, признаена од УНЕСКО како дел на усното и нематеријалното наследство на човештвото."Proclamation 2003: 'Vanuatu Sand Drawings'", UNESCO
Друга уметничка форма која подразбира цртање на песок е сликањето на песок, но овој процес подразбира и боење на песокот за да се создаде шарена средина во мали или големи размери.
Опис Цртежот со песок се изведува во песок, вулканска пепел или глина. Се состои од „континуирана меандрирана линија на замислена мрежа за да се добие грациозна, често симетрична, композиција на геометриски форм“. При тоа уметникот користи само еден прст.
УНЕСКО го опишува цртежот на песок како:
Уметниците како Пабло Пикасо беа познати по тоа што ги подготвуваа своите визуелни идеи во песок. Норман Џозеф Вудленд, изумителот на баркодот, дошол до својот изум цртајќи го во песок.
Слични форми на уметност Цртежите на песок се поврзани со индиските мандали од песок поради геометриските формите запишани во песокот. Работата на правење цртежите во песок е, исто така, слична со Сува камена градина во традиционалните јапонски камени градини и со големите линии во Наска (во Перу).
Со оглед на тоа што традиционалната уметност на цртање на песок во голема мерка претставува геометриска форма, се водат академски истражувања за поврзување (етно-) математичките форми што се држат во оваа уметност и да ја поврзат со модерната математика за да се добие чувство за потенцијалното научно знаење што го носат градителите. на цивилизациите кои го практикуваат. Античките грчки математичари кој ја проучувале геометријата со цртање фигури во песок, исто така, може да се поврзат со традиционалните цртежи во посеок пренесуваат многу повеќе од пријатен визуелен ефект.
Вануату (Сандроингс) мини| Традиционален цртеж во песок во Вануату Културниот центар Вануату смета дека цртањето на песок може да исчезне. Само неколку практичари сè уште ги знаат посебните техники на цртање песок. Во денешно време, оваа форма на уметност главно се користи како графички израз за рекламирање или туристички цели, а нејзината првобитна смисла и цел постепено се губи. Националниот акционен план за заштита на цртежите на песок, заедно со Акциониот комитет „Спасете ги цртежите во песок“ се спонзорирани од УНЕСКО. Како резултат на овие напори формиран е Националниот фестивал на цртање песок, од 2004 година."The National Action Plan for the Safeguarding of Sand Drawing" , Vanuatu Cultural Centre
Наводи
Категорија:Цртање Категорија:Нематеријално културно наследство Категорија:Вануатска култура