Султанат Неџд () ― држава на Арапскиот Полуостров која постоела од 1921 до 1926 година. На чело на оваа монархија била саудиската династија и се смета за правен претходник на денешна Саудиска Арабија.

Државата била создадена во 1921 година откако Абдул Азиз ибн Сауд, емирот од Ријад, се самопрогласил за султан на Неџд и неговите зависни територии.Madawi Al Rasheed. (2002). A History of Saudi Arabia. Cambridge, England, UK: Cambridge University Press, p. 63. На 2 декември 1922 година, Неџд и Кувајт потпишале договор за демаркација на меѓусебната граница. Границата била права линија по 29-та паралела. Во декември 1925 година, Кралството Хиџаз било освоено од војската на Абдул Азиз ибн Сауд. Во јануари 1926 година бил прогласен за крал на Хиџаз и двата ентитета со кои владеел ги споил во едно кралство - Кралство Хиџаз и Неџд.

Наводи

Категорија:Поранешни султанати Категорија:Држави и територии распаднати во 1926 година Категорија:Држави и територии настанати во 1921 година Категорија:Историја на Саудиска Арабија Категорија:Политички режими во меѓувоениот период Категорија:Поранешни монархии во Азија