Бончуклу Хојук ― младокамено археолошко наоѓачиште во Средна Анадолија, Турција, сместен на околу 9 км од попознатата наоѓалиште Чаталхојук. Тумбата е составена од остатоците на едно од најстарите села во светот, во кое живееле помеѓу 8300 и 7800 година п.н.е. Градбите се мали и овални со ѕидови изградени од керпич. Остатоци од погреби на човечки тела биле пронајдени под катовите на градбите. Таму е откриена најраната позната керамика во Анадолија.

Наоѓалиштето првпат било забележано од Даглас Берд од Универзитетот во Ливерпул во 2001 година. Тој таму раководи со ископувања од 2006 година.

Поврзано

Чаталхојук

Наводи

Надворешни врски

Мрежна страница на проектот „Бонџуклу“ Категорија:Населени места основани во 9 милениум п.н.е. Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Тумби Категорија:Археолошки откритија од 2001 година Категорија:Младокамени наоѓалишта во Азија Категорија:Младокамени населби Категорија:Археолошки наоѓалишта во Средна Анадолија Категорија:Населени места престанати во 8 милениум п.н.е.