Златен дабов венец од Кутлеш () — древномакедонски погребен предмет од античкиот град Ајга кај денешното село Кутлеш, Берско, Егејска Македонија. Направен е од злато и претставува венец од дабови листови со желади со исклучително реалистичен изглед. Овој венец е меѓу најскапоцените наоди пронајдени при ископувањето на Македонските кралски гробници. Датира од IV век п.н.е. и се смета дека со него е погребан кралот Филип II Македонски. мини|лево|Златниот дабов венец и златниот ларнакс во кој се смета дека се наоѓаат останките на Филип II. Наодите од гробниците првично стоеле во Археолошкиот музеј во Солун, но во 1997 г. се преместени во Музејот на Македонските кралски гробници во Кутлеш. Освен венецот на Филип II, тука се изложени и други вредни предмети од гробниците, меѓу кои и Златниот миртов венец на Меда Одеска, петтата сопруга на Филип.

Наводи

Категорија:Филип II Македонски Категорија:Древномакедонска уметност Категорија:Древномакедонска култура Категорија:Круни