„Последниот круг во Монца“ (српскохрватски: Последњи круг у Монци) — југословенски филм од 1989 година, во режија на Аца Бошковиќ. Главните улоги ги играат: Драган Николиќ, Весна Станојевиќ, Предраг Ејдус, Оливера Марковиќ и Данило Бата Стојковиќ.РТС, Последњи круг у Монци (пристапено на 17.5.2023)

Синопсис Филмот претставува приказна за еден криминалец, Урош, наречен Урке, кој минува седум години в затвор поради грабеж. Тој е вечен бунтовник, незадоволен од системот и од луѓето кои го опкружуваат, човек кој ја бара својата правда. Како член на белградската мафија, по еден неуспешен грабеж, Урке е предаден и повторно завршува в затвор. Сепак, успева да избега, а потоа мора да ја напушти земјата, заедно со двете личности кои единствено го сакаат: мајка му и девојката. Заминува во Италија, каде се одмаздува за предавството по што станува шеф на сите југословенски мафијаши во Италија. Така, најпосле, Урке доаѓа до слава и богатство, но не и до љубов. Откако завршува една голема работа на трката во Монца, тој, сепак, нема да го види последниот круг на трката.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Филмови од 1989 година Категорија:Југословенски филмови Категорија:Српски филмови Категорија:Криминалистички филмови Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови на Аца Бошковиќ Категорија:Филмови со Драган Николиќ Категорија:Филмови со Весна Станојевиќ Категорија:Филмови со Предраг Ејдус Категорија:Филмови со Оливера Марковиќ Категорија:Филмови со Данило Бата Стојковиќ Категорија:Филмови со Јосиф Татиќ Категорија:Филмови со Драган Максимовиќ Категорија:Филмови со Горан Султановиќ Категорија:Филмови со Данило Лазовиќ Категорија:Филмови со Миодраг Крстовиќ Категорија:Филмови со Душица Жегарац Категорија:Филмови со Петар Краљ Категорија:Филмови со Бранко Цвејиќ Категорија:Филмови со Сања Радмиловиќ Категорија:Филмови со Љубомир Ќипраниќ Категорија:Филмови со Никола Ѓуричко Категорија:Филмови со Јелена Жигон Категорија:Филмови со Михајло Бата Паскаљевиќ Категорија:Филмови на Београд филм Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Италија Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Белград