Сопду (исто така преведен како Септу или Сопеду) ― бог на небото и на источните погранични региони во религијата на Стариот Египет.Wilkinson, Richard H. (2003). The Complete Gods and Goddesses of Ancient Egypt. Thames & Hudson. p. 211 Тој е претставен како сопруг на Кенсит.

Како бог на небото, Сопду бил поврзан со богот Сах, персонификација на соѕвездието Орион и божицата Сопдет, која ја претставува ѕвездата Сириус. Според Пирамидните текстови, Хорус-Сопду, комбинација на Сопду и поголемиот бог на небото Хорус, е потомок на Озирис -Сах и Изида -Сопдет.Wilkinson, Richard H. (2003). The Complete Gods and Goddesses of Ancient Egypt. Thames & Hudson. p. 211

Како бог на истокот, се вели дека Сопду ги штити египетските положби долж границите и дека му помага на фараонот да ги контролира странските жители на тие региони. Тој бил означен како „Господар на Истокот“ и го имал својот најголем култно средиште во најисточниот номе на Долен Египет, кој бил именуван Пер-Сопду, што значи „место на Сопду“. Тој, исто така, имал светилишта во египетските населби на Синајскиот Полуостров, како што се рудниците за тиркиз во Серабит ал-Кадим.Wilkinson, Richard H. (2003). The Complete Gods and Goddesses of Ancient Egypt. Thames & Hudson. p. 211

Име

Името на Сопду е составено од хиероглифот за зборот „остар“, зашилен триаголник и суфиксот од трето лице множина (препелица); така што буквален превод на неговото име е „(тие) остри“.Greek and Egyptian Mythologies By Yves Bonnefoy and Wendy Doniger, p. 221. University of Chicago Press, 1992 Во Пирамидните текстови се вели дека ги штити забите на починатиот фараон.Wilkinson, Richard H. (2003). The Complete Gods and Goddesses of Ancient Egypt. Thames & Hudson. p. 211

Сопду беше прикажан како сокол кој седи на религиозен стандард, често со круна со две пердуви на главата и пердув над рамото. Во улогата на граничен чувар тој бил прикажан како воин од Блискиот Исток, со појас и со секира или копје.Wilkinson, Richard H. (2003). The Complete Gods and Goddesses of Ancient Egypt. Thames & Hudson. p. 211

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Египетски богови Категорија:Богови на небото и водата