Лете — древномакедонски град во областа Мигдонија, денес во Солунско, Егејска Македонија.

Географија мини|лево|180п|Дервентскиот кратер во Археолошкиот музеј во Солун, 350 – 320 г. п.н.е. Градот се наоѓал во преминот Дервент меѓу Лагадинското и Солунското Поле, низ кој денес минува магистралата „Егнатија“. Малку посеверно е македонското село Ајватово, кое во 1926 г. е преименувано во Лити согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија. Непосредно до наоѓалиштето новото село Антуполи (Антокипи) создадено од доселени Грци.

Историја Градот е познат од монети и натписи, и споменат како или е од Птоломеј (III, xiii), Плиниј Помладиот (IV, x, 17), Валериј Харпократион, Стефан Византиски во антиката, како и византиската енциклопедија „Суда“ и Никифор Вриениј (IV, xix) во средновековието.

Лете се појавува во некои доцни Епархиски списоци (Notitiae Episcopatuum) како викаријат на солунската католичка архиепископија. До XVIII век бил седиште на православна епископија, а во Римокатоличката црква е титуларна епархија.

Ископувања Мошне забележителна ископина од стариот град е некрополата, сместена крај магистралата „Егнаитја“, во која се најдени познатиот Дервентски папирус и Дервентскиот кратер. Ископани се Гробницата на Макриди-бег (Лагадинска гробница), Гробницата Г, Гробницата III, Карпестата коморна гробница, како и низа гробови од типот циста.

Наводи

Категорија:Градови во Античка Македонија Категорија:Даутбал