Јазол или Комвос () — праисториска и античка населба кај селото Драгоманци, Мегленско Егејска Македонија. Била населена од неолитот, па сè до доцноримскиот период.
Месноста се наоѓа веднаш до последните југоисточни куќи на селото. Откриени се делумно зачувани земјанки од раниот неолит (6500 – 5900/5800 г. п.н.е.). Важно откритие е керамичката печка е керамичката печка од доцнобронзеното време (1600 – 1100 г. п.н.е.), како и неколку отпадни јами. Тие очигледно припаѓаат на работната зона на населбата на југ која сè уште не е откопана. Печката има округол облик, со пречник од 1,15 м, а јамата на пламената комора е во земја. Решетката над јамата е сочувана во недопрена состојба. Ова е печка била напредна технологија распространета низ Средоземјето, но реткост во Македонија. Откриени се и делница од пат и гробови од доцноримскиот период.
Во 2012 г. наоѓалиштето е прогласено за заштитен археолошки споменик.
Наводи
Категорија:Археолошки наоѓалишта во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Меглен