Оскар за најдобро адаптирано сценарио (анг: Academy Award for Writing Adapted Screenplay) ― Награда од Академијата за филмски уметности и науки (АМПАС) за најдобро сценарио прилагодено за филм од претходно постоечки материјал. Најчесто прилагодувани медиуми се романите, но често се адаптираат и други наративни формати како театарски претстави, мјузикли, раскази, ТВ серии, па дури и други филмови и филмски ликови. Според овој стандард сите продолженија од еден филм исто така се сметаат за адаптации (врз основа на приказната и ликовите од оригиналниот филм).
Порано оваа награда била позната како Оскар за најдобро сценарио засновано на материјал од друг медиум.
Наводи
Категорија:Оскар Категорија:Филмски награди за сценарио Категорија:Добитници на Оскар за најдобро адаптирано сценарио