Абичи е италијански производител на велосипеди основан од претприемачите Џузепе Маркесели, Стефано Стелети и Кристијано Гоци во 2006 година. Компанијата произведува велосипеди во класичен стил, рачно изработени и тестирани во Италија. Абичи има салони во Милано и Виадана.
Историја Основачите го формирале прототипот за велосипеди Абичи во Ломбардија користејќи го каталогот од 1950-тите на италијански занаетчија. Нивната цел била класичен велосипед со високотехнолошки детали и винтиџ естетика.
Името Абичи потекнува од „bici“, италијанскиот сленг за „bicicletta“. Името се однесува и на првите три букви од италијанската азбука: ABC.
Дизајн Велосипедите Абичи се направени во осум бои засновани на боите на автомобилите од 1950-тите, имаат седло Брукс Англија со бакарни навртки, метални штитници за кал и хромирана шипка за сопирачките. Лесните велосипеди се направени од алуминиум, јаглеродни влакна и титан.
Компанијата произведува велосипеди во класичен стил, вклучувајќи туристички велосипеди за мажи и жени, како и тркачки и планински велосипеди. Секој велосипед е рачно изработен и тестиран во Италија. Доаѓаат во пет модели: Грантурисмо,Кампорела, Свелтина, Аманте и Фуга.
Соработки Во 2009 година, Абичи и италијанската модна куќа Фенди го создале велосипедот Фенди Абици Аманте Дона, со кожни додатоци од Селерија на Фенди и крзнени додатоци за седла.
Поврзано
Список на делови за велосипеди
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Италијански марки Категорија:Производители на велосипеди од Италија