Аудисон е еден од брендовите на италијанската компанија Електромедиа, производител на автомобилски аудио производи. Компанијата била основана во 1979 година, но името Аудисон е регистрирано во 1984 година. Во моментов Аудисон има различни видови мобилни аудио производи: засилувачи, звучни обработувачи, звучници и нискотонци.

Аудисон има освоено бројни награди за квалитет на звукот како и награди за „засилувач“ на годината (награди EISA и CES). Марката, исто така, брои многу „Први“ во својата историја: прв засилувач со прилагодливи контроли за засилување, прв што изградил моноблок засилувач на бас, прв засилувач со 5 канали.

Надворешни врски

Официјална страница на Audison Официјална страница на Elettromedia Официјална страница на CES Официјална страница на EISA Категорија:Италијански марки