Ива Дамјановски ― македонски пијанист, композитор и поетеса.

Животопис Родена е на 9 јануари 1996 година, во Скопје. Таа била дипломиран пијанист на Факултетот за музичка уметност при УКИМ (2019), класа на професорот Тодор Светиев. Моментално е студент на Катедрата за музикологија при Универзитетот во Тренто, како и на Катедрата по Музичка интерпретација и композиција при Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класа на прoфесорот Марија Ѓошевска.

Творештво

Автор е на научната статија „Сценското дело на иднината: современиот перформативен феномен, неговиот развој и комуникација со публиката“, објавена во четвртото издание на научното списание “Ars Academica” (2016 година). Автор е и на трудот „ELELORP 76: MUSICA NOVA MACEDONICA. Електроакустичната музика во Македонија, нејзиниот развој и одлика“, презентиран во рамки нанаучната конференција на 42-то издание на манифестацијата „Струшка Музичка Есен“, издаден во службениот зборник на истото (2017 година). Дел од организацискиот, режиски и изведувачки тим на низата концерти „No Hay Banda“ посветени на филмската музика, во соработка со Академската Сцена при Факултетот за Драмски Уметности при УКИМ, Скопје (2017- 2019). Таа е организатор, режисер и изведувач на концертните проекти „Монохроматика“ (дел од програмата на манифестацијата „Денови на македонска музика“, 2018 ) и „Монолози“ (дел од програмата на фестивалот „Златна Лира“, 2018). Во 2022 таа настапила како солист на концертот Теремин Вокс Фантазија со Македонската филхармонија.

Награди и достигнувања Добитник е на наградата на УКИМ, за најдобро дипломиран студент на Факултетот за музичка уметностм во учебната 2018/2019 година, каде работела хонорарно како сорепетитор. Таа е дел од експерименталното дуо „Алембик“. Нејзината прва композиција за пијано, „Breath“, била објавена во компилацијата „Klavirsko Nebo 3“, во издаваштво на продукциската куќа „Pop Depresija“.

Во 2021 го реализира и својот солистички концертен проект „Аs we danced we gave substance to shadows“, на кој за прв пат настапувала, покрај пијано програмата и со изведба на теремин. Добитник е на наградата „Игор Исаковски“ за најдобар дебитантски поетски ракопис во 2017 година за стихозбирката „Тие“ (2017, Блесок), кој го добила своето второ и дополнето издание во 2019 година (ПНВ Публикации). Во 2020 е издадена и нејзината втора стихозбирка „Двоумење“, за која и е доделена наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките Вечери на Поезијата. Со оваа награда, таа станала најмлада добитничка на наградата. Нејзината поезија е застапена во многу антологии и списанија за книжевност. Добитник е на првата награда на конкурсот Антево Слово, за најдобра необјавена песна (2021), која е дел од Меѓународната поетска манифестација „Анџело ла Векија“ која е остварувана во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“. Специјалната награда на меѓународниот натпревар Кастело до Дуино во Трст, за најдобра необјавена песна со значајна општествена или хуманистичка порака (2021).

Учествувала на голем број поетски читања во и надвор од државата, меѓу кои и „Астални Проекции“ и нејзината поезија е застапена во монографијата посветена на поетската манифестација (2019, Бегемот), како и голем број други поетски читања во Скопје. Нејзината наградена книга „Двоумење“ добила две претставувања во Осиек и Нашице во рамки на манифестациите „Денови на македонската култура“ и одбележувањето на 160 години од зборникот на Миладиновци. Нејзината поезија е преведувана на српски, грчки, хрватски, словенечки, англиски, албански, шпански, италијански, бенгалски и романски јазик.

Наводи

Надворешни врски

ПОЕЗИЈА ЗА ГЛАДНИТЕ, Ива Дамјановски Интервју со Ива Дамјановски β-муабет со Ива Дамјановски од Алембик Портрет на Ива Дамјановски, добитникот на наградата „Браќа Миладиновци” за 2020 година Поетско читање со Ива Дамјановски во Бабино Современи македонски писатели- Ива Дамјановски

Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски пијанисти Категорија:Македонски композитори Категорија:Апсолвенти на Факултетот за музичка уметност - Скопје Категорија:Добитници на наградата „Браќа Миладиновци“ Категорија:Добитници на наградата „Игор Исаковски“