Комбинираната малонска и метилмалонска ацидурија (англиски: Combined malonic and methylmalonic aciduria, CMAMMA), исто така наречена комбинирана малонска и метилмалонска ацидемија, е наследна метаболичка болест која се одликува со зголемени нивоа на малонска киселина и метилмалонска киселина. Некои истражувачи претпоставуваат дека CMAMMA е можеби една од најчестите форми на метилмалонска ацидемија, и веројатно една од најчестите вродени грешки на метаболизмот. Поради тоа што ретко се дијагностицира, најчесто останува неоткриенa.

Симптоми и знаци Клиничките фенотипови на CMAMMA се високо хетерогени и се движат од асимптоматски, благи до тешки симптоми. Основната патофизиологија сè уште не е разјаснета до крај. Во литературата се пријавуваат следниве симптоми:

метаболна ацидоза кома хипогликемија напади гастроинтестинални заболувања застој во развојот доцнење во прозборувањето неуспех во напредување психијатриска болест проблеми со меморијата когнитивен пад енцефалопатија кардиомиопатија дисморфни одлики

Кога првите симптоми се појавуваат во детството, тие имаат поголема веројатност да бидат интермедиерни метаболички нарушувања, додека кај возрасните обично се невролошки симптоми.

Причини CMAMMA може да се подели по причина на две одделни наследни нарушувања: едното е недостаток на  митохондријалниот ензим ацил-КоА синтетаза член на семејството 3, кодиран  од генот ACSF3 (OMIM #614265); другото нарушување е недостаток на малонил-КоА декарбоксилаза, кодиран од  генот MLYCD (OMIM #248360).

Дијагноза Поради широкиот спектар на клиничките симптоми, и во голема мера провлекувајќи се низ скрининг програмите на новороденчиња, се смета дека CMAMMA е недоволно препознаена состојба.

Скрининг програми за новороденчиња Бидејќи CMAMMA поради ACSF3 не резултира со акумулација на метилмалонил-КоА, малoнил-КоА или пропионил-КоА, ниту пак се забележани абнормалности во профилот на ацилкарнитин, CMAMMA не се открива со стандардните скрининг програми на новороденчињата базирани на крв.

Посебен случај е провинцијата Квебек, која, покрај тестот на крвта, исто така ја проверува урината на 21-виот ден по раѓањето со Квебекската неонатална скрининг програма за проверка на крв и урина. Ова ја прави провинцијата Квебек интересна за истражување на CMAMMA, бидејќи претставува единствена кохорта на пациенти во светот без пристрасност за избор.

Сооднос на малонска киселина со метилмалонска киселина Со пресметување на соодносот на малонска киселина/метилмалонска киселина во плазмата, CMAMMA може јасно да се разликува од класичната метилмалонска ацидемија. Ова е точно, како за лицата кои одговараат со витамин Б12, така и за оние кои не одговараат со витамин Б12 во метилмалонската ацидемија. Употребата на вредности на малонска киселина и вредности на метилмалонска киселина од урината не е погодна за пресметување на овој сооднос.

Во CMAMMA поради ACSF3, нивото на метилмалонска киселина го надминува она на малонската киселина. Наспроти тоа, тоа е вистинита за CMAMMA поради недостаток на малонил-КоА декарбоксилаза.

Генетско тестирање CMAMMA може да се дијагностицира со анализа на гените ACSF3 и MLYCD. Продолжениот скрининг на носителот во текот на третманот на плодноста, исто така, може да ги идентификува носителите на мутации во генот ACSF3.

Наводи

Категорија:Ретки болести