мини|лево|Полихимнија, муза на реториката и светото пеење. Троп — збор или израз кој значи нешто друго од она што суштински значи. Односно секој збор или израз употребен со преносно значење претставува тропа. Тоа е збор или израз кој го променил своето првобитно значење и стекнал друго, привремено значење во еден контекст. Дошло до промена на речничкото значење на зборот, со што се создало ново, вештачко значење.
Зборот тропа потекнува од грчкиот збор тропос, што значи превртувам, пресвртувам. Со тоа се цели на новото, превртено значење на зборот или изразот.
Поврзано Конотација Денотација
Наводи
Категорија:Фигури (стилистика) Категорија:Грцизми