Споредба или компарација (англиски: simile) — стилско изразно средство со кое се изразува сличност меѓу две различни единки. Со компарацијата, за разлика од метафората, сличноста се искажува со зборот како или ко. Споредба или компарација е многу чест троп. Наречена е и значенска равенка поради тоа што, како и во математиката, левата страна на изразот е еднаква со десната. Со споредбата се воспоставува еднаквост, односно висок степен на сличност меѓу двата изрази.
НА ПРИМЕР: 1. Кроток како јагне. 2. Вредна како мравка. 3. Слатки како мед. 4. Срце како камен. 5. Маминото лице е како златно сонце. 6. Тој јаде како птица.
Компарацијата во литературата може да биде кратка и директна или подолга и сложена. Хомеровата или епската компарација, која е каректеристична за епската поезија, најчесто е долга и по неколку стиха.
Наводи
Категорија:Фигури (стилистика) Категорија:Раскажувачки техники