Свети Архангели или Свети Архангел Михаил () — црква во некогашното село Кастри кај Кучос, Нигритско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата се наоѓа на подрачјето на некогашното Кастри, кое се споменува во историските извори. Изградена е во 1854 г. на местото на средновековен храм. Црквата е забележителен пример за духовната архитектура од XIX век, кој има зачувано и доцновизантиска фаза. Градбата претставува трикорабна базилика.
Во 1990 г. храмот е прогласен за заштитен споменик на културата. Во 2000 г. внатрешноста е насликана со живопис. Во 2008 г. црквата е обновена.
Поврзано Серско-нигритска епархија
Наводи
Архангели, Кастри Архангели, Кастри Архангели, Кастри Категорија:Споменици на културата во Визалтија Категорија:Појавено во 1854 година