Свети Константин и Елена () — црква во селото Тахино, Нигритско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм на селото.

Црквата е гробишен храм кој се наоѓа на северозападниот крај на селото. Изградена е во 1763 г. Претставува трикорабна базилика со тројна апсида на исток. Живописана е од мијачките зографи Христо, Исаја, Кузман и Серафим Фрчковски.

Во парохијата влегуваат и црквите „Св. Никола“ од XVII век, како и „Св. Антониј“ и „Св. Илија“.

Поврзано Серско-нигритска епархија

Наводи

Константин и Елена, Тахино Константин и Елена, Тахино Категорија:Појавено во 1763 година Константин и Елена, Тахино