Свети Атанасиј () — црква во селото Неред, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е гробишен храм изграден во северниот дел на селото. На почетокот на XX век заедно со „Св. Никола“ била во рацете на грчката пропаганда, но во едната од нив службите наизменично се одвивале на грчки и на македонски. Ова траело сè до изградбата на црквата „Св. Лука“ по нарачка на Бугарската егзархија.
Храмот е направен од камен, вкопан 1 м во земја. Има резби на таванот, амвонот и иконостасот со икони од 1845 г. Покривот бил со камени плочи, денес заменет со ќерамиди. Камениот под е зачуван во нартексот. Камбанаријата на неколку метри од црквата е непроменета.
Поврзано Леринско-преспанско-еордејска епархија
Наводи
Атанасиј, Неред Атанасиј, Неред Категорија:Појавено во 1740-тите Категорија:Појавено во 1750-тите