Свети Илија (, Профитис Илијас) — највисокиот врв на планината Боздаг (Драмски Боздаг) во Драмско, Егејска Македонија. Висок е 2.232 м. Се наоѓа во пределот Дебелина во средниот дел на планината. Врвот е доста изложен, гол и каменлив, покриен со сиромашна растителност. Има впечатлив конусовиден облик гледан од соседниот врв Карталка.
Од соседниот врв Вардина е одделен со длабокото седло Ноштвите. На југозапад Свети Илија се граничи со карстна пропаст длабока преку 1.300 м; таа е една од најзабележителните глетки на планината.
Во западното подножје на врвот на 2.111 м.н.в. е сместена пропасната пештера Снежницата (, Хионотрипа), која е длабока преку 100 м. Таму проаѓа скијачки спуст и жичница на скијачкиот центар „Боздаг“ („Фалакро“).
Галерија
Поврзано Боздаг
Наводи
Категорија:Врвови во Егејска Македонија Категорија:Боздаг