Чиплак Баир или Чиплакбаир (, Харакас) — врв на бугарско-грчката граница меѓу Драмско, Егејска Македонија и Неврокопско, Пиринска Македонија. Ова е највисокиот врв на планината Бесленски Рид, дел од Боздаг. На врвот е поставена граничната пирамида бр. 152. Висок е 1.090 м.
До врвот се стасува од селото Беслен (од бугарска страна) за 2 часа по земјен пат кон југ,Село Беслен – връх Чиплакбаир tripsjournal.com, 10 јануари 2022 г. и од Белотинци (на грчка територија), исто така за 2 часа по земјен пат кој оди на североисток.
Име Според пиринскиот јазичар Јоран Иванов, името Чиплак баир доаѓа од турското çıplak, соголен. Грчкото име Харакас е дадено по новото име на поранешното село Гуштерак сместено во западното подножје.
Поврзано Бесленски Рид Боздаг
Наводи
Надворешни врски Село Беслен — врв Чиплакбаир
Категорија:Врвови во Пиринска Македонија Категорија:Врвови во Егејска Македонија Категорија:Бугарско-грчка граница Категорија:Општина Хаџидимово Категорија:Неврокоп (Егејска Македонија) Категорија:Боздаг