Новоселско училиште - зградата на поранешното училиште во Ново Село, Штип, Македонија. Истата таа зграда сега е дом на ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“. Градбата е заведена како Културно наследство на Македонија. Се наоѓа во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“.

Историја Како училишна установа мини|230п|лево|Училиштето во почетокот на 20 век. Темелите на градбата биле поставени во 1870-тите години. Првата учебна година била во 1882 година. Во училиштето две години предавал револуционерот Гоце Делчев во периодот 1894-1896 година. Исто така, учителствувале и Даме Груев, Петар Поп Арсов, Тодор Лазаров, Мише Развигоров, Димитар Мирасчиев. Во 1912 година, во училиштето биле вработени 7 учители кои предавале на 151 ученик и 100 ученички. За време на Балканските војни, училиштето било претворено во болница. Во време на Првата светска војна, служело за воени потреби.

Помеѓу двете светски војни, училиштето било основно училиште од прво до четврто одделение. Пред почетокот на Априлската војна во 1941, училиштето било опожарено и речиси целосно уништено, кога само останале темелите и некои ѕидови. Веднаш со доаѓањето на бугарската власт, биле направени градежни зафати и новата верзија на градбата била малку поразлична на лик од старата градба. Дури и уписите за ученици започнале во септември истата година.

Во периодот 1946-1949 година, местото било дом на Учителската школа. Подоцна била сместена Штипската гимназија. Во последните години како училишна установа, местото била училишна зграда во составот на ОУ „Ванчо Прке“.

Како ректорат мини|230п|Градбата во 2010 година за време обновувањето. Градбата била обновена со цел да постане седиште на ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Службена мрежна страница на Универзитетот „Гоце Делчев“

Категорија:Поранешни училишта во Македонија Категорија:Универзитет „Гоце Делчев“‎ Категорија:Средни училишта во Штип Категорија:Ново Село (штипска населба) Категорија:Културно наследство на Македонија во Општина Штип