Швајцарија на Балканите – македонски роман од Драги Михајловски. Книгата е издадена во 2015 година во Македонија.Драги Михајловски, стра 209 –222
Содржина Швајцарија на Балканите - на Драги Михајловски авторот навлегол во сферата на можното-односно на утописката литература. Возбудливо напишан роман, убаво структуиран со завршна поента во која авторот се навраќа на своето пишување, својата естетика, своето писателско вјерују и кажува дека сè што научил во животот е да пишува, односно да живее еден паралелен живот полн со возбуди што можеби никогаш не се случиле и нема да се случат во блиска иднина. Романот „Швајцарија на Балканите“ е богата ризница на чистиот македонски јазик, танц на умот меѓу избраните зборови, постигната смисла на секоја реченица што претендира да биде дел од оваа многу креативна и врвна лексичка пирамида, констатира Раде Силјан во препораката на најновото романескно остварување на познатиот македонски писател.
Михајловски денес е еден од најнаградуваните, најанализираните, најомилените и најпреведуваните писатели во Македонија, но и пошироко. Ова секако се должи на неговиот привлечен и податлив за читателите прозен стил во кој е вградена народната раскажувачка традиција. Покрај стилот на авторот, треба да се истакне и книжевната вредност на прозното творештво на Михајловски кое е вонвременско, бидејќи најчесто може да се чита и како историски и како современ текст, а неретко и како предвидување за иднината. Покрај тоа што е апликативна за сите времиња, треба да се потенцира и тематската сеопфатност на прозата на Михајловски која е подеднакво привлечно четиво за сите генерации. Преку огромниот семан- тички потенцијал на своето творештвото, мајсторот на прозниот збор, Михајловски, постојано создава нови значења во имагинацијата на читателите. Затоа прозното творештво на Михајловски останува неисцрпен извор за нови креативни читања, критички осврти и толкувања од страна на читателите и книжевните критичари, а поттик и инспирација за младите писатели.
Наводи
Поврзано Драги Михајловски Македонска книжевност
Надворешни врски [ https://krajbrezje.mk/2020/10/17/dragi-mihajlovski-eden-od-najdobrite-sovremeni-makedonski-pisateli-i-preveduvachi/ Драги Михајловски – еден од најдобрите современи македонски писатели и преведувачи ]
Категорија:Македонски романи Категорија:Романи кои се одвиваат во Македонија Категорија:Дела на Драги Михајловски Категорија:Книги од 2015 година Категорија:Изданија на Каприкорнус