Околина ВаикатоРегионален совет на ВаикатоЗемја: Нов Зеландcenter|220pxРегионален советНазив:Околина ВаикатоПретседавач:Питер БаклиНаселение:402,200јуни 2008Површина:24.025км2Мрежно место:http://www.ew.govt.nzГрадовиПоголеми:ХамилтонПомали:Кембриџ, Коромандел, Хантли, Матамата, Миранда, Моринсвил, Нгаруавахиа, Нгатеа, Пиронгиа, Путаруру, Раглан, Таупири, Таупо, Те Ароха, Те Авамуту, Те Кауфата, Те Куити, Темз, Тирау, Токороа, ВаихиОкрузиИмиња:Град ХамилтонВаикатоЈужно ВаикатоВаипаТемз-КороманделМатамата-ПиакоВаитомоОторохангаФренклинХауракиТаупоДел од РоторуаМрежни места:

Ваикато (маор. Waikato) е регион во Северниот остров на Нов Зеланд. Точните граници на регионот во голема мера зависат од употребата на името, но во сите случаи тоа се однесува за областа околу градот Хамилтон протегајќи се долж брегот на реката Ваикато.

Разни дефиниции Локален управен регион Ваикато Регионот Ваикато е локален управен регион на западната страна на Северниот остров. Се протега од езерото Таупо и северниот дел од Кинг Кантри на југ, нагоре по полуостровот Коромандел и границите со регионот Окленд. Регионот зафаќа површина од 25,000 км2, и во 2006 имал население од околу 387,700.

Регион Ваикато (општа употреба) Поимот Ваикато подразбира само дел од локалниот управен регион, без деловите околу полуостровот Коромандел и Темзината Долина на севет и околу и северно од езерото Таупо на југоисток.

Округ Ваикато Ваикато е и округ управуван од Окружниот совет на Ваикато. Ова ги покрива градовите Нгаруавахиа, Хантли и Раглан.

Река Ваикато Ваикато е долга река по која е наречен регионот. Ова е маорски збор со значење течна вода.

Географија thumb|225px|left|Реката Ваикато низ Хамилтон

На запад регионот се граничи со Тасмановото Море. Крајбрежниот регион е главно ридест, локално познат како планински венец Хакаримата, иако се спушта на север полека и брановидно, поблиску до устието на реката Ваикато. На крајбрежјето има три големи природни пристаништа: Раглан, Аотеа, and Кафиа. Околината на Раглан е позната по своите вулкански црни песоци и плажи, а и за одличните услови за сурфање на заливот Ману и плажата Руапуке.

Источно од крајбрежните ридишта лежи широкото плавно земјиште на реката Ваикато. Регионот има влажна умерена клима, а земјата е главно богата и обработлива, но има и неисцедено тресетно мочуриште. Тука, во широката рамница Ваикато, живее најголемиот дел од населението, и земјата интензивно се обработува и исползува за стока (главно добиток) и земјоделски култури (како пченка). Околината на Кембриџ има и многу штали за чистокрвни коњи.

Северниот дел на регионот околу Те Кауфата ги дава едно од најдобрите но вина. Тука лежат неколку плитки езера, од кои најголемо е Ваикаре.

На исток земјиштето се издига кон падините на планинските венци Каимаи и Мамаку. На горниот тек на реката Ваикато наоѓаме хидроелектрани, а на југоисток од регионот има и неколку големи вештачки езера.

Народ Градови Градот Хамилтон е главен центар, со урбано население од 158,500 (2006). Тука се наоѓа Ваикатскиот универзитет и Винтек. Градовите Токороа, Те Авамуту и Кембриџ имаат по 10.000 до 15.000 жители заедно со околните принадлежни населби.

Во регионот се наоѓаат и помалите гратчиња Хантли, Матамата, Моринсвил, Нгаруавахиа, Отороханга, Путаруру, раглан, Те Кауфата, Те Куити и Тирау.

Други места во управниот регион Ваикато, кои обично не се прифатени како дел од Ваикато се Туакау и Мерсер, јужно од Окленд; Паероа, Те Ароха, Темз, Фангамата и Фититанга околу Темзината Долина и полуостровот Коромандел; градот Таупо (нас. 22,300) и градот Туранги на југоисток.

Наводи Подрачно проценка на населението: на 30 јуни 2008 , Статистика Нов Зеланд.

Надворешни врски

Околина Ваикато / Регионален совет на Ваикато Туризам Ваикато Хантли

Категорија:Региони во Нов Зеланд