Мадона со каранфил, наречена и Мадона со вазна или Мадона со Младенецот — слика на Леонардо да Винчи, создадена помеѓу 1478 и 1480 година. Од 1889 година се наоѓа во музејот Стара пинакотека,Room IV ("Italian Renaissance paintings"), Inventory No. 7779 а дотогаш била во приватна сопственост.
Опис Централниот мотив е младата Дева Марија со своето голо бебе Исус во скутот. Марија седи и носи скапоцен накит. Во левата рака држи каранфил, што се толкува како симбол на исцелување. Лицата се осветлени додека предметите наоколу се потемни, на пример, каранфилот е во сенка. Младенецот гледа нагоре, додека мајката гледа надолу, така што нема контакт со очите. Портретот е сместен во просторија со два прозорци од секоја страна на централните фигури, на кои, со карактеристичната техника на Да Винчи - сфумато, е прикажан оддалечен предел.
Првично се мислело дека оваа слика ја насликал Андреа дел Верокио, но подоцна историчарите на уметност утврдиле дека сепак е дело на Да Винчи.
Мадона и Младенецот се вообичаен мотив во средновековната христијанска уметност. Оваа слика е единственото дело на Леонардо кое е постојано изложено во Германија.
Наводи
Надворешни врски Леонардо да Винчи, Анатомски цртежи, изложбен каталог кој содржи материјал за Мадона со каранфилот
Категорија:Леонардо да Винчи Категорија:Сликарство Категорија:Слики на Леонардо да Винчи Категорија:Дела од 1470-тите