Галната киселина (или 3,4,5-трихидроксибензоева киселина) е трихидроксибензоева киселина со хемиска формула C6H2(OH)3CO2H. Класифицирана е како фенолна киселина. Присутна е во руј, хамамелис, листови од чај, кора од даб и други растенија. Претставува бела, цврста супстанца, иако често примероците се со кафена боја поради делумната оксидација. Солите и естрите на галната киселина се познати како „галати“.

Наводи

Категорија:Фенолни киселини Категорија:Антиоксиданси Категорија:Редуктивни агенси Категорија:Хелатни агенси