Старо Село — археолошко наоѓалиште во велешкото село Смиловци, Општина Чашка. Претставува населба и црква од среден век. На 3 км источно од селото, на зарамнето плато со површина од 0,7 хектара се среќаваат фрагменти од керамички садови и големо количество градежен материјал. Се гледаат и остатоци од мала црква во која се вградени повеќе сполии.

Поврзано

Список на археолошки наоѓалишта во Велешко

Наводи