Марија Шољакова (р. во ) — македонски анестезиолог и универзитетска професорка на Медицинскиот факултет во Скопје.
Животопис
Дипломирала во 1970 година на Медицинскиот факултет во Скопје, а специјализирала анестезиологија во Скопје во периодот 1972-1975 и во Лондон во периодот 1982-1983. Работела на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ). Била нејзина директорка во периодот 1995-2001.
Придонела во докажувањето на метаболниот одговор на анестезија, ги вовела методите на епидурална апликација на опиоди (1989) и комбинирани анаестезиолошки техники (1992).
Во периодот 1998-2004 била продекан на Медицинскиот факултет.
Публикувала 138 научни трудови и е автор и главен уредник на шест учебници од областа на анестезиологијата.
Наводи
Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски анестезиолози Категорија:Македонски универзитетски професори