Војна во Приднестровие (романски: Războiul din Transnistria; руски: Война в Приднестровье) — вооружен конфликт што избувнал на 2 ноември 1990 година во Дубасари (руски: Дубосса́ры, Dubossary) помеѓу про-Приднестровските (ПМР) сили, вклучувајќи ги републиканската гарда на Приднестровие, милицијата и нео-козачки единици (кои биле поддржани од елементи на руската 14-та армија) и промолдавските сили, вклучително и молдавските трупи и полиција.
Борбите се интензивирале на 1 март 1992 година, а наизменично со ад хок прекини на огнот, траеле во текот на пролетта и почетокот на летото 1992 година сè додека не бил прогласен прекин на огнот на 21 јули 1992 година, кој се одржал. Конфликтот понекогаш е познат како Молдо-руска војна (романски: Războiul moldo-rus) во Молдавија и Романија.
Заднина
Историска позадина Пред советската окупација на Бесарабија и Северна Буковина и создавањето на Молдавската ССР во 1940 година, Бесарабскиот дел на Молдавија, односно делот што се наоѓа западно од реката Днестар (Нистру), бил дел од Романија (1918–1940). Пактот Молотов-Рибентроп помеѓу Советскиот Сојуз и Нацистичка Германија, кој довел до настаните од 1940 година, подоцна бил осудуван од денешна Молдавија, која го прогласила за „ништовен и неважечки“ во својата Декларација за независност во 1991 година. Меѓутоа, по распадот на Советскиот Сојуз, територијалните промени кои произлегле од него останале на место.
Пред создавањето на Молдавската ССР, денешната територија на Приднестровие била дел од Украинската ССР, како автономна република наречена Молдавска Автономна Советска Социјалистичка Република, со Тираспол како главен град (1924–1940). Приднестровие претставува нешто повеќе од една десетина од територијата на Молдавија.
Политичка позадина
Во текот на последните години од 1980-тите, политичкиот пејзаж на Советскиот Сојуз се менувал поради политиката на перестројка и гласност на Михаил Горбачов, што дозволил политички плурализам на регионално (републиканско) ниво. Во Молдавската ССР, како и во многу други делови на Советскиот Сојуз, националните движења станале водечка политичка сила. Бидејќи овие движења покажувале сè понационалистички чувства и изразиле намера да го напуштат СССР во корист на обединување со Романија, тие наишле на растечко противење од етничките малцинства во републиката, кои главно зборувале руски јазик.Hare, Ishaq, Batt, p. 369-370. Ова противење на новите трендови и потенцијалните идни политики се манифестирало на повидлив начин во Приднестровие, каде што, за разлика од остатокот од МССР, етничките Молдавци (39,9%) биле надбројани од комбинираната бројка на Руси и Украинци (53,8%), според пописот од 1989 година во Приднестровие, главно поради зголемената имиграција за време на советската ера.
Додека некои веруваат дека комбинацијата на различна историја (особено 1918-1940) и стравот од дискриминација од страна на Молдавците, предизвикале сепаратистички чувства, други веруваат дека само етничките тензии не ја објаснуваат динамиката на конфликтот. Според Џон Мекинлеј и Питер Крос, кои спровеле студија заснована на извештаи за жртвите од конфликтот, значителен број од Приднестровците и Молдавците се бореле заедно на двете страни од конфликтот. Тие сугерираат дека конфликтот бил повеќе политички по природа.[John Mackinlay and Peter Cross: Regional Peacekeepers, The Paradox of Russian Peacekeeping. United Nations University Press: New York & Paris, 2003. Pages 140–141]
На 31 август 1989 година, Врховниот совет на Молдавската ССР донел два закони. Еден од нив го издигнал молдавскиот јазик за официјален јазик, наместо рускиот, де факто официјален јазик на Советскиот Сојуз. Во него се споменува и лингвистички молдоромански идентитет. Вториот закон предвидувал враќање на латинската азбука. Молдавскиот јазик е термин што се користел во поранешниот Советски Сојуз за практично идентичен дијалект на романскиот јазик во текот на 1940-1989 година. На 27 април 1990 година, Врховниот совет на Молдавската ССР го усвоила традиционалното тробојно (сино, жолто и црвено) знаме со молдавскиот грб, а подоцна во 1991 година ја променила државната химна во Deșteaptă-te, române!, државна химна на Романија од 1990 година. Подоцна во 1990 година, зборовите Советски и Социјалистички биле отфрлени и името на државата било сменето во „Република Молдавија“.
Овие настани, како и крајот на режимот на Чаушеску во соседна Романија во декември 1989 година и делумното отворање на границата меѓу Романија и Молдавија на 6 мај 1990 година, навеле многумина во Приднестровие и Молдавија да веруваат дека унијата меѓу Молдавија и Романија е неизбежна. Оваа можност предизвикала страв кај рускојазичното население дека би било исклучено од повеќето аспекти на јавниот живот. Од септември 1989 година, во регионот имсло силни протести против етничките политики на централната власт. Протестите прераснале во формирање на сецесионистички движења во Гагаузија и Приднестровие, кои првично барале автономија во рамките на Молдавската ССР, со цел да ги задржат рускиот и гагаускиот како официјални јазици. Бидејќи молдавскиот Врховен совет, во кој доминирале националистите, ги забранил овие иницијативи, Република Гагауз и Приднестровие прогласиле независност од Молдавија и ја објавиле својата апликација за повторно приклучување на Советскиот Сојуз како независни федерални републики.
Политички конфликт Јазичните закони претставувале особено нестабилно прашање бидејќи голем дел од немолдавското население на Молдавската ССР не зборувало молдавски (романски) јазик. Проблемот со официјалниот јазик во МССР станал Гордиев јазол, кој бил преувеличен и можеби, намерно политизиран. Некои ги опишале законите за јазиците како „дискриминаторски“ и ја критикувале нивната брза имплементација. Други, напротив, се пожалиле дека законите не се почитувале.
На 2 септември 1990 година, била прогласена Приднестровската Молдавска Советска Социјалистичка Република. На 22 декември 1990 година, претседателот Горбачов потпишал декрет со кој се прогласиле неважечки одлуките на Вториот конгрес на пратениците на Приднестровие од 2 септември. Молдавските власти два месеца се воздржувале од преземање мерки против оваа прокламација. Приднестровие станала една од „непризнаените републики“ што се појавиле низ целиот СССР, заедно со Абхазија, Јужна Осетија и Нагорно-Карабах. Овие самопрогласени држави одржувале блиски врски меѓу себе.
Еден од првите судири меѓу молдавската влада и сепаратистите се случил на 2 ноември 1990 година во Дубасари. Мештаните упаднале во Судот и Обвинителството и таму останале неколку часа. Потоа бил испратен полициски одред за да се расчисти блокадата поставена од жителите на градот на мостот на реката Днестар, што практично го отсекол градот од централната влада. Откако биле спречени да ја расчистат блокадата, полицајците отвориле оган, при што тројца жители на Дубасари биле убиени, а 13 биле ранети, што резултирало со првите жртви во конфликтот.
По неуспехот на Августовскиот државен удар во СССР во 1991 година, на 27 август 1991 година, молдавскиот парламент ја усвоил Декларацијата за независност на Република Молдавија. Во декларацијата се споменува Пактот Молотов-Рибентроп како „неважечки“ и се гледа на независноста на Молдавија како на чин на елиминирање на „политичките и правните последици од горенаведеното“, изјавувајќи дека формирањето на Молдавската ССР на териториите на Бесарабија, Северна Буковина, регионот Херца и Молдавската АССР биле направени во отсуство на „каква вистинска правна основа“.
Република Молдавија немала своја армија и првите обиди да се создаде се случиле на почетокот на 1992 година како одговор на ескалацијата на конфликтот. Новонезависниот молдавски парламент побарал од владата на СССР „да започне преговори со молдавската влада со цел да се стави крај на нелегалната окупација на Република Молдавија и да се повлечат советските трупи од територијата на Молдавија“.
На 29 август 1991 година, водачот на независноста на Приднестровие, Игор Смирнов и уште тројца пратеници пристигнале во Киев, главниот град на Украина, за да се сретнат со украинскиот лидер Леонид Кравчук. Смирнов и Андреј Чебан биле уапсени од молдавската полиција и веднаш пренесени во затвор во Молдавија. Во знак на протест, женскиот штрајкувачки комитет на чело со Галина Андреева ја блокирале железничката линија Москва-Кишинев на попатниот пункт помеѓу Бендер (Тигина) и Тираспол, додека мажите не биле ослободени.
Воена сила До 1992 година, Молдавија имала војници под Министерството за внатрешни работи. На 17 март 1992 година, тие почнале да регрутираат војници за новосоздаденото Министерство за одбрана. До јули 1992 година, вкупната сила на молдавските војници се проценува на 25.000-35.000, вклучувајќи повикани полицајци, регрути, резервисти и доброволци, особено од молдавските локалитети во близина на зоната на конфликтот.
Покрај советското оружје наследено по независноста, Молдавија добила и оружје од Романија. Романија, исто така, испратила воени советници и доброволци да и помогнат на Молдавија за време на конфликтот.
Во исто време, руската 14-та гардиска армија на територијата на Молдавија броела околу 14.000 професионални војници. Властите на ПМР имале 9.000 полицајци обучени и вооружени од офицери на 14-та армија. Голем број на волонтерите пристигнале од Руската Федерација: голем број Дон, Кубан, Оренбург, Сибир и локални Транснистриски Црноморски Козаци се приклучиле да се борат заедно со сепаратистите. Поради неправилниот состав на силите, спорна е јачината на трупите на ПМР, но се верува дека во текот на март таа броела околу 12.000.
Воен конфликт Првите жртви во конфликтот се случиле на 2 ноември 1990 година, два месеци по прогласувањето независност на ПМР на 2 септември 1990 година. Молдавските сили влегле во Дубасари со цел да го поделат Приднестровие на две половини, но биле спречени од жителите на градот, кои го блокирале мостот над Днестар, кај Лунга. Во обид да ја пробијат блокадата, молдавските сили отвориле оган. Во текот на конфронтацијата, тројца локални жители на Дубасари биле убиени од молдавските сили, а шеснаесет лица биле ранети.
Вториот молдавски обид да го премине мостот Лунга се случил на 13 декември 1991 година. Како резултат на борбите, 27 војници на ПМР биле заробени, а четворица молдавски војници биле убиени, без Молдавија да може да го помине мостот. По овој втор неуспешен обид, имало затишје во воената активност до 2 март 1992 година. Овој ден бил истиот ден кога Молдавија била примена како членка на Обединетите Нации, односно добила целосно меѓународно признавање на нејзината декларација за независност од 27 август 1991 година. По напредокот на паравоените сили на Приднесториве, Молдавија прогласила вонредна состојба на 29 март. Вооружениот конфликт кулминирал во мај и јуни во три области покрај реката Днестар, а се стабилизирал на 19-21 јуни по Битката кај Бендер, каде интервенирала 14-та поранешна советска армија, поразувајки ја молдавската војска ставајќи крај на конфликтот.
Областа Коциери-Дубасари мини|Зградата сè уште покажува штета од кратките борби во Бендер за време на војната на Приднестровие за независност од Молдавија Првата област на воена акција била на источниот брег на реката Днестар, од север кон југ, селата Моловата Нуа, Коциери (околу 6.000 жители), Корјова и градот Дубасари (околу 30.000 жители), заедно формирајќи населено подрачје 10-12 км покрај брегот. Единствената врска со западниот брег од трите села е или траект или два моста во Дубасари.
На 1 март 1992 година, Игор Шипченко, началникот на милицијата на ПМР во Дубасари, бил убиен од тинејџер, а молдавската полиција била обвинета за убиството. Овој инцидент, иако помал, бил доволна искра за да се разнесе и онака многу напнатата ситуација и да дојде до ескалација на конфликтот.