Турбе на Хајати Баба — османлиска гробница (турбе) во Охрид.

Турбето е сместено во комплексот на теќето „Зејнел Абедин-паша“. Изградено е во XVIII век како почивалиште на основачот на теќето, Пир Хајати Баба и во него се погребани сите шехови (суфиски старешини) на теќето до последниот шех Кадри. Градбата е од типот на затворени турбиња. Постариот дел има многуаголна основа. Тука е погребан Хајати Баба и има уштре три гроба. Во XIX век шехот Зекерија на север доградил правоаголник со низок релјеф, со внатрешност во стилот на империскиот барок. Во новиот правоаголен дел се гробовите на девет шеха на теќето.

Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Охрид

Наводи

Хајати Баба Категорија:Исламски споменици на културата во Македонија Категорија:Знаменитости во Охрид