Металица — средновековна населба во атарот на селото Присовјани, Македонија. На околу 3 километри североисточно од селото, на голем простор што зафаќа околу 10 хектара се забележуваат грамади од кршен камен. Според кажувањето на мештаните, во непосредната близина на наоѓалиштето постоел рудник.

Поврзано Кула — градиште — утврдена населба од доцноантичкото време; Селишта — средновековна црква; На Црков — некропола од доцниот среден век; Присовјани; и Список на археолошки наоѓалишта во Струшко.

Наводи

Категорија:Присовјани