мини|Карта на локација Никарагва со Апоеке Апоеке е пирокластичен штит, кој се наоѓа во природниот резерват на полуостровот Чилтепе во Никарагва. Има калдера со ширина од 2,8 километри, длабока 400 метри, исполнета со езеро.

Географија десно|мини| Полуостровот Чилтепе и калдерата Апоеке, поглед од ISS. Апоеке е вулкански комплекс кој се формирал и го зафаќа полуостровот Чилтепе. Тој е дел од пирокластичниот штит вулкан Чилтепе, еден од трите штитови од игнибрит на вулканскиот фронт на Никарагва..

Езерото во неговиот центар, езерото Апоеке., неговиот брег е 100 метри под врвот на калдерата, но неговото дно достигнува до нивото на морето.

Апоеке, како и целиот полуостров Чилтепе се дел од административниот регион Манагва, во непосредна близина на градот Манагва, главниот град на Никарагва..

Веднаш југоисточно од врвот Апоеке се наоѓа езерскиот Џилоа, широк вулкански кратер со низок релјеф предизвикан од фреатомагматска ерупција (експлозија што се јавува кога подземните води ќе дојдат во контакт со топла лава или магма). Вулкански кратер карактеристично се полни со вода за да формира релативно плитко кратерско езеро широко 2,5 × 3 километри и е дел од комплексот Апоеке.

Вулканологија Во 2001 и 2007 година, забележана е мала сеизмичност и зголемена активност на фумароли во областа Апоек. Последен пат сеизмичката активност се случила на 6 септември 2012 година, тогаш биле забележани 17 потреси, блиску до градот Манагва со јачина од 2,3-3,7 степени на длабочина од 2,6-6,8 километри, објавил Никарагванскиот институт за територијални студии. Последната најголема ерупција на Апоеке, била околу 50 п.н.е. (+/- 100 години), тоа била една од најголемите експлозии познати во историјата и имала показател на вулканска експлозивност (VEI) од 6.

Покрај куполата Чилтепе (вулканот Чилтепе), која се користи синоним за Апоеке, комплексот Апоеке ја содржи и калдерата Џилоа (Лагуна де Џилоа ака Ксилоа), куполата Мирафлорес и куполата Серо Талпетате.

Ерупцијата на Лагуна Ксилоа пред 6100 години произвела помпензни пирокластични текови кои ги прекриваат сличните наслаги со слична старост од Масаја.

Апоеке е идентификуван како посебно опасен вулкан, поради неговата историја на одвоени големи ерупции за 2000 години, близината на Манагва и ризиците од генерирање на езерски цунами.

Недалеку од Апоеке, во областа на градот Акахуалинка, археолозите под слој од вулканска пемза го откриле најстарото човечко присуство во Средна Америка во периодот пред 6500-7500 години.

Вулканот и полуостровот се заштитени од државата како природен резерват.

Поврзано

Список на вулкани во Никарагва

Наводи

Категорија:Езера со вулкански кратери Категорија:Пирокластични штитови Категорија:Заштитени вулкани на Никарагва Категорија:Неактивни вулкани

Категорија:Вулкани во Јужна Америка