Максим Ненов или познат како Максим-војводаПсевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 81 ( - ) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис

Максим Нинев - Војводата е роден во Тресонче во 1870 година. Кај народот е познат како Максим Војвода, а академиците и уметниците го познаваат како Максим Зографот. Роден е неколку години пред основањето на ТМОРО (Тајната македонско-одринска револуционерна организација) на која и се приклучил откако наполнил дваесетина години. Во селото, тој го завршил основното образование, но се истакнувал како момче кое ја сака книгата и црквата, па набрзо станал ученик на зографот Дичо Крстевиќ (кој е од истото село). До својата дваесетта година веќе станал сосема солиден живописец и калиграф, па како и поголемиот број тресончани заминал на печалба во некоја од соседните држави. Негова станица била Бугарија, односно градот Стара Загора, каде станал доста баран зограф и ѕидар.

Револуционерна дејност

Откако се вгнездил во Бугарија, тој се поврзал со останатите Македонци кои како и тој самиот таму биле на печалба. Но, некои од нив таму биле и заради обезбедување поддршка за кревање на големото востание во Македонија. Се поврзал со нив, и во 1899 година, бил поставен за војвода на две реканско-дебарски чети. Откако и пристапил на Организацијата, тој неколкупати се враќал во Тресонче и во реканскиот крај заради организирање на четите и востаниците, мобилизирајќи Мијаци и дебарчани. Во тие години почнал и за првпат да се судира со османлиските војски, но и со качачките банди. Целата 1902 година, тој ја минал на чело на Првата чета Мијаци низ реканско-кичевските планини, честопати сардисуван од качаци - Малесори (од областа Малесија во Албанија) кои на луѓето од Бистра им биле познати како озлогласени разбојници. Но, во меѓувреме, во врвот на Организацијата, настанале големите провали, смртта на Гоце Делчев, навлегувањето на бугарскиот врховистички елемент во македонското-ослободително движење, на Иван Гарванов и Борис Сарафов, како и прикажувањето на тоа движење низ Европа како движење на Бугарите во Македонија. Најнапред Максим не бил свесен за таквата реалност, па дејствувал под нивната капа, но подоцна ја увидел опасноста од врховистите по однос на македонското револуционерно движење и заедно со Јордан Пиперката, а во 1902 година ја распуштил Првата мијачка чета и заминал во Бугарија да провери како стојат работите во врвот. Откако видел дека во организацијата бугарската пропаганда станала силна, на своите Мијаци им ја објаснил опасноста и од нив основал нова чета од Мијаци - печалбари. Новата чета ја основал на 22 мај 1902 година во селото Владаја, крај Софија. Таа броела повеќе востаници од првата, односно 53 мажи. Негов заменик бил Димитар Арсов, учител од Лазарополе, доста значаен за историјата поради дневникот што го водел од основањето на четата, до нејзиниот трагичен крај истата пролет. Истиот ден османлиските и бугарските шпиони дознале за основањето на четата, кои откако го бакнале револверот и камата на Организацијата го изиграле и Тешкото - мијачко оро што се игра свирено од зурли и тапани. Откако завршило постројувањето на востаниците, Максим Војвода го повел кон бугарско-османлиската граница за да влезат во Македонија.Спомени на Апостол Христов Фръчковски

Илинденско востание

Шест дена и требала на четата за да стигне до границата, минал и празникот Света Троица. На 29 мај ја минале реката Брегалница и влегле во Македонија, искачувајќи ја планината Голак на 1,585 метри. Ноќта паднала, па востаниците на Максим легнале да отспијат. Во дневникот на лазоровецот Димитар Арсов, останало запишано и со какво оружје располагале четниците: 14 пушки манлихерки со вкупно 4.000 куршуми, 24 пушки мартинки со 5.000 куршуми, 3 српски маузерки со 750 куршуми, 5 пушки кримовки со 1.000 куршуми, 53 пушки и околу 11.000 куршуми, 29 рачни бомби, 2 кг динамит, 20 револвери со околу 100 куршуми за секој од нив и ками. За 2 манлихерки им фалеле бајонети.

Борбата против Османлиите и смртта на Максим

мини|дясно|250п|Војводите Максим Ненов и Димитар Домазетов ляво|мини|250п|Кичевската чета на војводите Јанаки Јанев, Арсо Локвички и подвојводата Максим Ненов

Дневникот на лазоровецот понатаму ја раскажува битката:

Крајот на битката

Тука некаде завршува дневникот на Димитар Арсов што брои 44 страници. На крај се наведени имињата на востаниците кои загинале на ридот:

- Максим Нинев - Војводата (с. Тресонче), Петре Јуруков (с. Тресонче), Добе Јосифов (с. Тресонче), Ефто Ристов Чалија (с. Лазарополе), Спасе Глигоров - Гудурот (с.  Лазарополе), Никола Долев (с. Лазарополе), Милош Митрев (с. Сливен), Ѓорѓе Сливенски (с. Сливен), Димитар Стефанов - Подвојводата (с. Јабланица), Софроние Спасов (с. Осој), Марко Ристов - Дадара (с. Росоки), Марко Росочки (с. Росоки), Доле Ехлоски (с. Ехловец), Милош Богданов (с. Годивје), Ташко Цветков (с. Гари), Ристо Китанов (с. Долно Косоврасти), Анѓеле Ѓоргоски (с. Селце), Марко Урдарески (с. Рајчица) Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 19.

До разделбата во ноќта 29 и 30 мај 1903 година во дневникот на лазоровецот стои дека биле ранети девет четници, но не ги наведува по име и презиме, ниту пак, дали тие биле извлечени од боиштето. За загинатите вели дека на планината Голак останале незакопани.

Опеан во народното творештво Овој Мијак, ученик на Дичо Зограф и водач на комитска востаничка чета, останал опеан во неколку народни песни од илинденскиот период како македонски херој, а загинал во битка на ридот Чавките на планината Голак над Кочани.

...Стани, стани, Максиме,

Зората се зароди,

Зората се зароди,

Потера те сардиса,

Потера малешевска.... (некаде се пее и потера малесорска).

Ова се стиховите од народната песна каде се опејува смртта на Максим Војвода во 1903 година, на само два месеца пред почетокот на Илинденското востание. Но, пред да заврши неговиот живот Максим зад себе оставил доста значајни информации за подготовките на револуцијата, но за жал доста е помал бројот на податоци за неговото зографско дело. За неговата смрт се дознава од деталниот дневник што го водел еден од востаниците.

Наводи Димитар Арсов - "29 мај 1903 г." - спомените на секретарот на четата на Максим Ненов, публикувани во в. "Дебърски глас", книга 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 17, 18, 19, Софија, 1909 година

Категорија:Луѓе од Тресонче Категорија:Починати во Делчевско Категорија:Македонски војводи Категорија:Претставници на Дебарската школа Категорија:Македонски преселници во Стара Загора Категорија:Отомански Македонци Категорија:Отомански дисиденти