мини|десно|Првата страна на Мирославовото евангелие Мирославово евангелие () е српски ракопис на пергамент од 362 страни со богата декорација. Тој е еден од најстарите преживеани ракописи напишани на српска варијанта на црковнословенски јазик. Овој ракопис се смета за ремек-дело на илустрацијата и калиграфијата.

Мирославовото евангелие е создадено во 1186 година од Мирослав, кнезот на Хум и брат на Стефан Немања, великиот жупан на Рашка. Први кои го откриле и проучувале ракописот биле тројцата руски учени: Владимир Стасов, Фјодор Буслаев и Никодим Кондаков во 1874.

Наводи

Категорија:Србија во средниот век Категорија:Христијански текстови од 12 век Категорија:Српски ракописи