Турбе на Мустафа-паша — османлиска гробница (турбе) во Скопје, почивалиште на војсководецот Чобан Мустафа-паша.
Турбето е сместено во комплексот на Мустафа-пашината џамија, и заедно се прогласени за културно наследство на Македонија. Изградено е во 925 година по хиџрата (= 1519 по Христа). Во архитектурнски поглед му припаѓа на типот на затворени турбиња со купола врз тесен осумаголен тамбур, кој одвнатре е кружен. Има шестаголна оснјова и отвори од сите страни. Саркофагот на Мустафа-паша во турбето е украсен со растителни орнаменти во плиток релјеф. Надворешноста е забележителна по тоа што е обликувана со бели мермерни плочи, а профилација има само околу вратата и прозорците.
Поврзано Саркофаг на Уми — почивалиште на Мустафината ќерка во комплексот Мустафа-пашина џамија Мустафа-паша
Наводи
Надворешни врски
Мустафа-паша Категорија:Исламски споменици на културата во Македонија Категорија:Појавено во 1519 година Категорија:Знаменитости во Скопје