Стефан Козлов (, ) — американски професионален тенисер со македонско потекло. Тој е син на родители Македонци, а неговиот татко Андреј е тениски тренер.

Во 2013 година, Козлов дебитирал на светската турнеја на АТП со вајлдкарта во Њупорт на 15-годишна возраст. Тој стигнал до две финалиња на јуниорски гренд слемови во 2014 година и ја завршил годината на третото место на ИТФ јуниорското комбинирано рангирање.

Јуниорска кариера Во 2014 година, Козлов стигнал до две јуниорски гранслем финалиња, каде што загубил од Александар Зверев на Австралија Опен и од Ноа Рубин на Вимблдон. Овој успех го довел до високото 2 место во јуниорско рангирање. Козлов се натпреварувал и на Државното првенство до 18 години, завршувајќи на третото место на турнирот во сингл и освојувајќи го турнирот во двојки со Ноа Рубин. Со оваа победа тие добиле вајлд-карта во главниот ждреб на УС Опен 2014 година. Ја завршил годината со победа на јуниорскиот турнир Оринџ боул.

Во 2015 година, Козлов стигнал до финалето на Државното првенство за играчи до 18 години, каде што загуби од Френсис Тиафо во пет сета.

Професионална кариера

Почетоци Козлов го направи дебитирал на АТП светската турнеја со вајлд-карта на турнирот во Њупорт во 2013 година и загубил во првото коло. На 16-годишна возраст, првпат победил играч од Топ 100 играчи, Тим Смичек, стигнал до своето прво финале на АТП Челинџер во Сакраменто, каде што загубил од Сем Квери. Исто така стигнал до седум финалиња на ИТФ фјучерси во кариерата и победил на четири од нив.

2016: Прва победа на АТП и четвртфинале и титула на Челинџер Во април, Козлов стигнал до финалето на Отвореното првенство во Гваделуп. Во јуни, тој го освоил својот прв натпревар на ниво на АТП во кариерата со вајлд-карта на првенството на трева во Росмален во Ден Бош. Стигнал до своето прво четвртфинале во кариерата победувајќи го Стив Џонсон во второто коло. Кон крајот на сезоната, Козлов стигнал до второто финале на Челинџер таа година во Суџоу. Победил на својот прв Челинџер настап во Колумбус.

Резултати

Сингл Тековно до Делреј Бич опен 2022 Турнир2013201420152016201720182019202020212022SRW–LПобеди %Гренд слем турнириАвстралија опенAAAAQ1Q3AAA2R0 / 11–150%Ролан ГаросAAAAQ2Q1AAA0 / 00–0ВимблдонAAAQ1Q2Q2ANHA0 / 00–0УС ОпенAQ2Q1Q1Q1AQ1AQ10 / 00–0Победи–порази0–00–00–00–00–00–00–00–00–01–10 / 11–150%АТП Мастерс 1000Индијан Велс мастерсAQ1AA1RQ1ANHQ20 / 10–10%Мајами опенAAAAQ2Q1ANHA0 / 00–0Синсинати мастерсAAQ1Q21RAAAA0 / 10–10%Победи–порази0–00–00–00–00–20–00–00–00–00–00 / 20–20%Статистика на кариератаТурнири1122910112Вкупно во кариератаl: 20Вкупно победи–порази0–10–10–23–22–90–10–00–10–13–20 / 208–2029%Рангирање на крајот на годината1083467351116167316422371159

Финале на АТП Челинџер и ИТФ фјучерс

Сингл: 17 (9–8) Легенда (сингл) АТП челинџер турнеја (5–4) ИТФ фјучерс турнеја (4–4) Наслови по површина Тврда (9–8) Земја (0-0) Трева (0-0)

Двојки: 12 (6–6) Легенда (Двојки) АТП челинџер турнеја (4–4) ИТФ фјучерс турнеја (2–2) Наслови по површина Тврда (5-3) Земја (1-3) Трева (0-0)

Јуниорски гренд слем финалиња

Сингл: 2 (2 второпласирани) Резултат Година Турнир Површина Противник Резултат Изгубен 2014 Австралија опен Тврда Александар Зверев 3–6, 0–6 Изгубен 2014 Вимблдон Трева Ноа Рубин 6–4, 4–6, 3–6

Двојки: 1 (1 второпласирана) Исход Година Првенство Површина Партнер Противници Резултат Изгубен 2014 Вимблдон Трева Андреј РубљовОрландо ЛузМарсело Зорман 4–6, 6–3, 6–8

Наводи

Надворешни врски

Stefan Kozlov at the International Tennis Federation

Категорија:Американци со руско потекло Категорија:Американски тенисери